3 ЛЕСНИ ЧЕКОРИ

1. Додадете го вашето мени

По регистрацијата, можете да го креирате менито и да ги додадете своите специјалитети, фотографии итн... Системот EMENU е лесен за употреба. Google Translate системот ќе се грижи за преводите.

2. Поставете QR-код

Можете да го користите EMENU QR-кодот на неколку начини. Без разлика дали се печати директно на вашето мени или е поставено како флаер на маса или налепница - нема ограничувања.

3. Гостите го скенираат QR-кодот

Вашите гости можат да го користат својот паметен телефон или таблет за да го скенираат QR-кодот на вашиот ресторан. Менито ќе се отвори во пребарувач каде што ќе можат да го изберат нивниот јазик. Не е потребна апликација.




Бесконтактно мени - пандемија COVID-19

Во тешки времиња на пандемија предизвикана од Корона вирусот, би требало да го намалиме контактот што е можно повеќе. Под ова влегуваат и менијата во рестораните. Ние ви овозможуваме бесконтактен начин со кој вашите гости ќе пристапат до вашето мени. Дигитален интернет пристап до менито достапен преку пребарувачот, без да преземате апликација. Нашиот систем е едноставен и лесен за ракување.

QR-код

EMENU QR-кодот се генерира автоматски по вашата регистрација. Без оглед на тоа колку често го ажурирате вашето мени, QR-кодот секогаш останува ист. Гостинот може да го скенира QR-кодот во вашиот ресторан со кој било паметен телефон или таблет кој ќе биде поврзан на интернет, со што ќе биде дирекно пренасочен до вашето мени, достапно на повеќе јазици.

Чекор пред сите

QR-кодот им дава на гостите на вашиот ресторан пристап до вашето мени на повеќе јазици. Вашите менија и специјалитети можат лесно да се управуваат во системот ЕMENU. Според тоа, сите промени ќе бидат автоматски ажурирани на веб-страницата на вашиот ресторан.

Управувајте со специјалитетите и пијалоците

Создадете онолку менија колку што ви се потребни. Специјалитетите можат да бидат класифицирани во различни менија. Сите менија и специјалитети може да бидат активирани или деактивирани по потреба.

Работи ефикасно со вистинските алатки

Заштедува време

Ажурирано еднаш, достапно насекаде.

Мобилно работење

Работи на сите уреди. Паметен телефон, таблет или компјутер.

Лесно и интуитивно работење

Не е потребно ИТ знаење.



Наши клиенти


КОНТАКТИРАЈ НЕ

Ние во Дигит нудиме исклучителна услуга, исто таква каква што и самите би сакале да искусиме.

Адреса

Ген.М.Апостолски бр.24, Штип 2000 МК

Телефони

+389 32 388 355

+389 78 853 013

Е-маил

info@digit.mk